Сушата што годинава ги погоди поголемиот број држави во југоисточна Азија серозно се зканува да ги намали приносите од ориз и производството на риби и ракови во фармите на Тајланд. Министерот за финансии на Тајланд Сомаи Фаси денеска изјави дека сушата се заканува да предизвика загуби од над 25 милијарди долари и за околу еден процент да го намали планираниот економски раст од 3,5 отсто за 2015 година.
Министерот Фаси сопшти дека тајландските банки добиле инструкции да прогласат шестмесечен мораториум на отплатата на ратите и каматите во агро секторот. Владините агенции добиле налози да изготват сет мерки со кои ќе може моментално да се реагира за заштита на земјоделците, но и потрошувачите, а треба да изготват планови како да се акумулира повеќе вода во дождовната сезона.
Властите советуваат земјоделците да ја одложат сеидбата на ориз за два месеци, бидејки во август доаѓа сезоната на монсунски дождови. Во повеќе провинции загрозена е сеидбата на оваа основна земјоделска култура. Ориз не може да се сади на над 800.000 хектари е речиси, а загрозени се и над милион и 100 илјади хектари веќе посеани полиња.
Загрозени се и фармите за риби и ракови, една од водечките извозни гранки на тајландската економија. Низ каналите до вештачки рибници дотекува се помалку вода, а во некои акумулации има само 40 сантиметри височина на водата о дното до површината.
Министерствата зе финансии и економија итно ќе формираат 150 тима стручњаци кои непрекинато ќе ги посетуваат фармерите и ќе се обидат да помогнат со совети, а загрозените фармерски семејства ќе добијат субвенции за купување на основните прехранбени производи и гориво..