Сунак се премисли, сепак ќе присуствува на климатскиот самит на ОН во Египет

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак ја смени одлуката да не учествува на климатскиот самит во Египет во организација на Обединетите Нации.

Претходно, од неговиот кабинет информираа дека поради обврски, премиерот нема да може да учествува на Конференцијата на ОН за климата во Шарм ел-Шеик, што почнува в недела.

Сунак денеска на Твитер објави дека ќе присуствува на двонеделната средба во Египет, бидејќи „нема долгорочен просперитет без акција на климатските промени“.

„Нема енергетска безбедност без инвестирање во обновливи извори на енергија“, напиша британскиот премиер.

Неговата одлука да не замине на самитот за климата наиде на критики од многумина, меѓу кои и климатскиот советник Алок Шарма.

Велика Британија беше домаќин на самитот за климата минатата година во Глазгов во Шкотска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сунак најави дополнителни 10 милијарди евра за производство на оружје

Горан Наумовски

Сунак: Мора да бидеме похрабри во запленувањето на руските средства

Значаен пораз за владејачките конзервативци во Велика Британија

Сунак: Британија ќе ја поддржува Украина до одлучувачката победа на бојното поле

Сунак ја реконструираше Владата и воведе четири нови министерства

Горан Наумовски

Тајмс: Британскиот премиер Сунак денеска ќе објави промени во владата

Горан Наумовски