Значаен пораз за владејачките конзервативци во Велика Британија

Од:

Британската Лабуристичка партија денеска им зададе голем удар на конзервативците на премиерот Риши Сунак со освојувањето на т.н. вонредни избори во две општини кои се традиционално конзервативни упоришта, што покажува дека главната опозициска партија, сега е побогата за два претставници и е на пат кон победа на националните избори на крајот на годината.

Во Кингсвуд, во близина на Бристол, и во Велингборо, Нортхемптоншир, беа одржани дополнителни избори.

Вонредните избори во Велингборо се одржуваат бидејќи поранешниот конзервативен пратеник Питер Боун беше суспендиран од парламентот, откако беше прогласен за виновен за злоупотреба на член на персоналот. Во Кингсвуд, поранешниот конзервативен пратеник Крис Скидмор поднесе оставка на почетокот на јануари во знак на протест против владините планови да ги зголеми дупчењата за нафта и гас во Северното Море.

Овој двоен пораз на владејачката партија сигурно нема да помогне да се замолчат се погласните критики на Сунак. 43-годишниот инвестициски банкар се бори да ја подигне својата партија која пропаѓа, и покрај тврдењата дека тој е храбар реформатор, упорен технократ и некој кому му треба само уште малку време да се „држи до планот“, бидејќи, како што рече, планот функционира.

Но, лабуристите водат во анкетите и Сунак може да почувствува потреба да попушти пред барањата на некои членови на партијата и да му понуди на својот сè понезадоволен електорат десничарска конзервативна агенда пред изборите.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер не го крие задоволството од двојната победа.

„Откако освоивме две упоришта на Ториевците, можеме со сигурност да кажеме дека Лабуристичката партија е повторно во служба на работните луѓе и ќе работиме неуморно за да ги исполниме нивните очекувања“, рече Стармер.

Во Велингборо лабуристите освоија парламентарно место со 13.844 гласови, додека конзервативците останаа на 7.408. Речиси 4.000 гласови освои десничарската Реформска партија, по што претседателот на Конзервативната партија Ричард Холден рече дека гласот за таа партија е глас за лабуристите.

Во Кингсвуд, во јужна Англија, лабуристите освоија 11.176 гласови, а кандидатот на конзервативците 8.675. Гласачите исто така го казнија Сунак со слаб одѕив, разочарани од рецесијата забележана во втората половина на 2023 година. Поделбите, сепак, не ги избегнаа ниту Лабуристите на Стармер пред се поради конфликтот на Блискиот Исток и напуштање на посветеноста на одржливи инвестиции.

Би можело да ве интересира

Сунак најави дополнителни 10 милијарди евра за производство на оружје

Горан Наумовски

Сунак: Мора да бидеме похрабри во запленувањето на руските средства

Сунак: Британија ќе ја поддржува Украина до одлучувачката победа на бојното поле

Сунак ја реконструираше Владата и воведе четири нови министерства

Горан Наумовски

Тајмс: Британскиот премиер Сунак денеска ќе објави промени во владата

Горан Наумовски

Медведев и порача на Британија да и ги врати Фокландските острови на Аргентина

А1он