Британскиот премиер Риши Сунак најави дека ќе издвои дополнителни 10 милијарди фунти за долгорочно финансирање на производството на оружје и изјави дека „ќе ја стави британската одбранбена индустрија на воена основа“ поради војната во Украина.
„Ќе ја ставиме британската одбранбена индустрија на воена основа. Една од централните лекции од војната во Украина е дека ни требаат подлабоки резерви на муниција за индустријата да може побрзо да ја произведува“, рече Сунак за време на заедничката прес-конференција во Полска заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.
Тој претходно предупреди на зголемени безбедносни закани во светот и додаде дека Британија не ја преценува опасноста.