Судската порота решава по обвинувањата против Ел Чапо

Од:

По речиси тримесечно сослушување на вкупно 56 сведоци, поротата во Федералниот суд во Бруклин се повлече за да донесе одлука по обвинувањата за заговор од големи размери и за шверц на дрога против мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо.

Доколку поротата го прогласи за виновен по обвинителниот акт, Ел Чапо може да биде осуден на доживотна казна затвор.

Во завршниот збор, обвинителката Андреа Голдберг побараа Ел Чапо да биде прогласен за виновен за шеврц на најмалку 200 тони кокаин во САД, како и за серија убиства во пресметките на неговата криминална група Синалоа со ривалските мексикански картели.

Посочувајќи дека 61-годишниот Ел Чапо во два наврати успеа да побегне од затвор во Мексико, Голдберг нагласи дека тој планирал бегство и во 2017 година во моментите кога очекувал негова екстрадиција во САД.

„Обвинетиот сакал да побегне затоа што е виновен и никогаш не сакаше да биде во позиција да одговара за своите злосторства. Сакаше да избегне да седи овде пред вас“, им порача Голдберг на членовите на поротата во своето завршно обраќање.

Адвокатот на Ел Чапо, Џефри Лихтман во завршното обраќање, пак, оцени дека целиот судски процес против неговиот клиент е „фантазија“ и ги повика членовите на поротата да не им веруваат на сведоците „кои се здружиле и кои лажат, крадат, мамат, тргуваат со дрога и убиваат луѓе“.

Минатата недела американските медиуми, врз основа на декласифицирани судски документи, објавија обвинувања, кои членовите на поротата не ги слушнаа, дека Ел Чапо имал сексуални односи со 13-годишни девојчиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени лидерите на Синалоа картелот, Ел Мајо и синот на Ел Чапо

Синовите на Ел Чапо обвинети за шверц на фентанил во Америка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Мексико по апсењето на синот на „Ел Чапо“: Тројца мртви, нападнат аеродром

ВИДЕО: Уапсен синот на „Ел Чапо“, поради опасност од насилства затворени училиштата

Катерина Ѓуровски

Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор

Куќата на Ел Чапо во Мексико како лото-награда

Ана Ололовска