Врховниот суд на Камбоџа одреди доживотна казна затвор за двајца живи лидери на некогашниот режим на Црвените кмери, одоговорен за смртта на 1,7 милиони лица, јави БТА.
Врховниот суд одлучи дека казната, издадена во 2014 година од трибуналот поддржан од ОН за Црвените кмери, одговара на тежината на злосоторствата на двајцата обвинети.
Обвинетиот Киеу Сампан (85) е поранешен лидер на режимот на Црвените кмери, а Нуон Чеа (90) бил „десна рака“ на починатиот комунистички лидер Пол Пот.
Двајцата се осудени на доживотен затвор за злосторства против човештвото.
Се проценува дека околу 1,7 милиони лица починале од глад, болести и егзекуции за време на владеењето на Црвените кмери во периодот од 1975 година до 1979 година.