Судот денеска ќе ја соопшти пресудата за Оскар Писториус

Од:

Судот во Јужноафриканската Република денеска треба да донесе пресуда, која ќе даде одговор на прашањето дали славниот параолимпиец Оскар Писториус намерно пукал во својата девојка Риве Стенкемп, со која претходно влегол во расправија, по што таа побегнала и се затворила во тоалетот или навистина помислил дека во станот влегол крадец и пукал во него.

Судијката Тхокозиле Масипа со објава на пресудата ќе го заклучи повеќемесечното, потресно и медиумски силно експонирано судење на Писториус.

Судбината на Питориус сега е во рацете на 66-годишната Масипа, поранешна социјална работничка и новинарка, која треба да одлучи дали тој ќе биде ослободен или остатокот од животот ќе го помине во затвор.

Со оглед на тоа што во Јужна Африка нема поротнички состав, одлуката треба да ја донесе таа, а во тек на судењето Масипа откри сосема малку за тоа што мисли за сведочењето и доказите, па ретко кој аналитичар ќе се осуди да прогнозира на чија страна ќе биде пресудата.

Доколку успеал да ја убеди судијката дека пукал поради тоа што мислел дека во тоалетот има провалник, Писториус би можело да биде пуштен на слобода.

Инаку во тек на судењето се појавија неколку различни искази. Една сосетка изјави дека пред пукотницата слушнала расправа, додека друга вели дека не се слушнала ништо.

Тој пак тврди дека поминале мирна вечер и заедно отишле да спијат, но дека во тек на ноќта слушнал врева, помислил дека се работи за кражба, го зел пиштолот кој стоел под неговата перница но не забележал дали таа е во постелата.

Форензичарите утврдија дека Стенкемп била во тоалет во облека за излегување и дека имала мобилен телефон.

Инаку локалните медиумиовие денови ги истакнуваат двете поранешни пресуди на Масипа, обидувајќи се да укажат дека е посебно чувствителна кога станува збор за злосторства над жени, додека колегите ја опишуваат како резервирана, но праведна.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска