Судири на азербејџанско-ерменската граница

Од:

Најмалку двајца азербејџански војници загинаа, а петмина се повредени откако ерменската армија денеска ги гранатираше позициите на војската на Азербејџан.

Според азербејџанското Министерство за одбрана, во судирот на границата со Јемен има жртви и на двете страни и дека се уште траат борбите.

Судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија почнаа во 1988 година кога автономната област Нагорно-Карабах прогласи независност од тогашната советска република Азербејџан.

Во септември 1991 година прогласена е Република Нагорно-Карабах. Азербејџанските власти во подоцнежниот воен судир ја изгубија контролата врз Нагорно-Карабах

Од 1992 година се водат преговори за мирно решавање на судирот во рамките на Минската група на ОБСЕ. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, а Ерменија ги брани интересите на непризнаената република, бидејќи Република Нагорно-Карабах не е дел од преговорите.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“