Судири меѓу полицијата и мигрантите пред планираното затворање на „Џунгла“

Од:

Француската полиција се судри со мигрантите во кале синоќа, при што полицајци се гаѓани со шишиња, а полицијата употреби солзавец во обид да воспостави ред. сето тоа се случува два дена пред планираното затворање на импровизираниот мигрантски камп, познат како „Џунгла“ во овој пристаништен град, јави Би-Би-Си.
група од околу 50 мигранти фрлаше камења на француските полицајци, а тие одговорија со чадни бомби и пендреци.
Француските власти соопштија дека не сакаат да употребат сила, но предупредија дека можеби ќе мораат да интервенираат доколку некои мигранти одбијат да го напуштат кампот.
на мигрантите во кампот им беа поделени летоци со известување дека мораат да го напуштат кампот пред утре да дојдат булдужери. Според летоците, мигрантите од утрово, треба да преминат во блискиот хангар, од каде со автобуси ќе бидат превезени во други делови на Франција, од каде ќе им биде овозможено да побараат азил.
Во меѓувреме, првата мигрантска група деца без придружба, кои немаат никакви семејни врски во Велика Британија, стасаа во таа земја од кампот во Кале, откако првиот бран од 39 момчиња, кои имаат роднини во Велика Британија, стасаа таму минатиот понеделник.
Официјално, во кампот во Кале има околу 7.000 мигранти, додека хуманитарните групи тврдат дека има речиси 10.000.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано