Судири меѓу ирачките владини сили и следбеници на шиитски духовен лидер во Кербала

Од:

Ирачките владини сили во текот на изминатата ноќ во јужната провинција Кербала влегоа во отворен судир со следбеници на влијателниот шиитски духовен лидер Махмуд ас Сархи, пренесе ДПА.

Очевидци на инцидентот наведуваат дека судирот избувнал откако владините сили им забраниле на приврзаниците на Сархи да се молат во светилиштето во Кербала.

Насилството, што траело до утринава, довело до жртви на двете страни, но нивниот број засега не е утврден.

Во Кербала е прогласен полициски час.

Судирите избувнале во момент кога ирачката Влада, предводена од шиитите, се бори со сунитските бунтовници, кои зазедоа значајни територии и градови во северниот дел од земјата, забележа ДПА.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија