Судири меѓу демонстранти и полиција за време на антибегалски протест во Холандија

Од:

Холандската полиција вчера отвори предупредувачки оган со цел да растера поголема група демонстранти, кои се незадоволни од плановите за прифаќање мигранти во градот Гелдермалсен.

– Досега извршивме голем број апсења, се уште не се знае точниот број, соопшти локалната полиција. Засега нема информација дека има сериозно повредени лица во немирите.

На фотографии и видео снимки од инцидентот може да се забележи како десетици млади луѓе фрлаат шишиња и запаливи направи кон полицијата, скандирајќи против проектот за отварање центар за 1.500 баратели на азил. Во протестот учествувале околу 2.000 лица.

Истовремено во градското собрание се одржувала седница во врска со ова прашање, која требало да биде прекината, а учесниците евакуирани.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи