Судир меѓу полицијата и Роми во Лион

Од:

Француската полиција се судри со триесетина Роми во едно предградие на Лион, јави дописникот на МИА од Париз.

Судирот меѓу полицијата и групата Роми се случил во населбата Сант-Фон, предградие на Лион, откако вчера попладнето врз едно полициско возило било фрлано со разни предмети, при што било скршено задното стакло на автомобилот.

Полицијата вечерта спровела акција за идентификување и апсење на сторителите на ова дело. Во блискиот парк, според полицијата, нејзините припадници биле пречекани од триесетина Роми, од блиската дива ромска населба, при што дошло до судир.

Полицијата употребила солзавец за да ги растера напаѓачите и да ја продолжи акцијата. Во операцијата, според полициското соопштение, нема повредени.

Здружението за поддршка на Ромите, за француските медиуми тврди дека полицијата ги кршела бараките на Ромите и стаклата на нивните возила, што беше демантирано од француските власти.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз