Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Од:

Демонстрантите и полицијата денеска се судрија во западниот германски град Есен, местото на дводневниот конгрес на партијата Алтернатива за Германија (АфД). Поголема група демонстранти се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу 5.45 часот, изјави портпаролката на полицијата.

Засега не се знае дали има повредени меѓу демонстрантите. Се очекува во Есен да се соберат околу 100.000 демонстранти.

Иако се очекуваше дека протестите ќе бидат мирни, властите изразија загриженост дека околу 1.000 левичарски екстремисти би можеле да употребат насилни средства за да го нарушат конгресот. Левичарските групи рекоа дека ќе се обидат да ги блокираат влезовите во салата со цел да ги спречат делегатите на АфД да минуваат.

Околу 600 делегати на АфД се состануваат во градската затворена арена Гругахале, при што сегашните партиски водачи Алис Вајдел и Тино Чрупала бараат реизбор пред германските парламентарни избори следната есен.

Би можело да ве интересира

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија