Судењето на Јозеф Весоловски испит за ватиканското правосудство

Од:

Колку Католичката црква е подготвена да покаже дека се откажала од прикривањето на сексуалното злосторство над децата

Јутарњи лист – Загреб

Во сабота во Ватикан почна судењето на Јозеф Весоловски (66), поранешен надбискуп и апостолски нунциа во Доминиканската Република. Тој е обвинет за поседување детска порнографија, додека престојувал во Рим од 2013 до 2014 година, како и за сексуално злоставување на деца додека бил во Доминиканската Република, од 2008 до 2013 година.

Кога оваа ужасна вест се појави во јавноста, Доминиканската Република бараше од Светата Столица да и го испорача Весоловски. Папата одлучи да му се суди во Судот во Ватикан, бидејќи тој, како и другите ватикански дипломати и функционери, е државјанин на Државата Ватикан.

На тој начин Светата Столица не го препушти „врелиот компир“ во туѓи раце, туку одлучи на оваа судење да му даде силен знак на својата волја за пресметка со педофилите во црковните редови. Токму папата Франциско во јуни објави едикт на сопствена иницијатива, со кој одреди дека ватиканските функционери можат да бидат судени и за злосторства во странство.

Весоловски веќе е казнет црковно во согласност со канонското право: сведен на лаички статус (значи, одземен му е и бискупскиот и свештеничкиот чин), но сега следи кривична постапка, како и во која било друга држава, со што му се закануваат од шест до десет години затвор.

Кривичното судење е многу редок случај во Ватикан. Последното судење, но прво за сите новинари акредитирани во Светската Столица, па и тие најдолговечните, беше во октомври во 2012 година. Тогаш му се судеше на поранешниот собар на папата Бенедикт Шеснаесетти, Паоло Габриел, поради кражба на доверливи документи од кабинетот на Папата и нивно доставување на италијански новинари – скандал наречен Ватиликс. Тој беше осуден е на 18 месеци затвор, но Бенедикт Шеснаесетти го помилува по два месеца.

Впрочем, овок папа беше главната оштетена странка.

Помилување сега тешко може да дојде предвид, бидејќи јавноста тоа би го доживеала како охрабрување на педофилите, а Весоловски според обвинението силувал и машки деца помали од осум години.

Не одекна добро ни податокот дека Весоловски е во домашен притвор во Ватикан. Во некои коментари е наведено дека живее како папа, потенцирајќи го фактот дека и Бенедикт Шеснаесетти живее во исти услови. Секако дека тоа правно не е ни слично, но на постапките на Весоловски се гледа под лупа, со оглед на гнасниот злосторство за кое е обвинет, но и канонски казнет, што укажува дека Светата Столица нема дилема за неговата вина.

Тоа никако не е причина кривичното судење да не биде спроведено со почитување на сите права на обвинетиот и со изведување на доказите.

Ова судење во тој поглед ќе биде испит за ватиканското судство: колку е способно да излезе на крај со таков, ни малку едноставен случај, кога се работи за изведување на доказите?

А ќе биде испит и за универзалната Католичка црква колку е подготвена и со пример да покаже дека се откажала од прикривањето на ваквите злосторства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска