Судење за геноцид на двајца лидери на „Црвените Кмери“

Од:

Последните двајца преживеани политички лидери на бруталниот режим на „Црвените Кмери“ во Камбоџа се изведени на второ судење во Пном Пен, под обвинение за извршен геноцид во државата, која во тоа време се нарекуваше Кампучија.

На поранешниот претседател на државата Кије Сампан (83) и заменикот на тогашниот лидер на Комунистичката партија и на земјата Пол Пот, Нуон Кеа (88) веќе им се суди за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Вториот процес, за геноцид е започнат за да им се суди за масовните злосторства што ги изврши режимот, убивајќи на илјадници Виетнамци и припадници на камбоџанските муслимани.

Одлуката на правосудните власти во Пном Пен за започнување на втор процес, додека се уште трае првото судење е донесена за да се забрза судењето, бидејќи станува збор за луѓе во длабока старост.

„Црвените Кмери“, ултралевичарско движење кое основата на својата власт ја потпираше врз маоизмот, управуваше со Камбоџа четири години меѓу 1975 и 1979 година.

Тие го сменија името на државата во Кампучија и почнаа со уништувањето на се она што им личеше на „западна декаденција“, жестоко пресметувајќи се со интелектуалците и со градското население.

Луѓето беа затворани, измачувани и најчесто убивани без вистинско судење, најчесто само затоа што не одговараа на профилот што настојуваа да го изградат „Црвените Кмери“. Се верува дека околу два милиони луѓе починале во време на нивната сурова власт, од масовната изгладнетост, поради тешките услови на принудната работа и во масовните ликвидации на т.н. „Полиња на смртта“ во внатрешноста на Камбоџа.

Лидерот на „Црвените Кмери“, Пол Пот почина во 1997 година. Судење беше организирано и против Ленг Сари, министер за надворешни работи на некогашна Кампучија, но и тој почина минатата година, а неговата сопруга, која беше министер во власта, поради болест беше неспособна да биде изведена на суд.

Во процесот што сега е во тек и што се очекува да заврши во текот на идниот месец, Сампан и Кеа одговараат за убиство на стотици илјади лица, како и за прислното селење на луѓето од градовите по селата и сместувањето во работни кампови за „превоспитување“, во кои живееја во крајно мизерни услови.

Сегашните камбоџански власти настојуваат да го забрзаат нивното судење, затоа што тие двајцата би биле првите највиски функционери на режимот на „Црвените Кмери“ кои одговарале за злосторствата против сопствениот народ од пред безмалку 40 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска