Судбината на феминизмот во Пакистан

Од:

На 12 февруари 1983 година, 200 жени – активистки и адвокатки – протестираа пред Високиот суд во Лахоре и пооднесоа петиција против законот со кој изјава на маж во суд вреди повеќе од изјави на две жени. Пакистанскиот диктатор генерал Мухамед Зиа ул-Хак веќе го протна неславното Уредба Хадуд со која се одразуваа неговите екстермистички визии за Исламот и исламскиот закон. За многу пакистански жени беше јасно дека воениот режим манипулираше со Исламот за ограничување на нивните права.

Деновите на генералот Зиа се минато, и делови од уредбата Хадуд за одобрување на силувањето и изневерувањето се сменети со помалку спорни клаузули во Законот за заштита на жените од 2006 година. Но пакистанските жени сеуште не го добија она што Мадихах Актер, која пишува за интернет списанието Феминистичка мрежа, го идентификува како „политичка, културна и економска еднаквост за жените, и точка во постојаната борба за дефинирање на нашата нација“.

Реалноста за пакистанските жени продолжува да се судира со олеснетата категоризација. Жените денес одат во училишта и на универзитети, имаат работни места и веќе неколку генерации заработуваат пари. Сепак тие сеуште живеат со широко распространетото насилство на полова основа, со сфаќањето во општеството за жената како сопственост, и за широко распространетото верување дека тие заслужуваат образование, работа или егизстенција надвор од домашната сфера.

Ниту пакистанските закони, ниту пак социјалните кодови, но ниту религиозните обврски вистински им гарантираат на жените безбедно место како граѓани еднакви со мажите; таквите верувања се зачувани во патријахалните племенски и културни традиции, како и во продолженото превртување на исламските правила кои им одат во прилог на мизогоните. Дали феминизмот може да биде најдобрата спротивност на овој машки шовинизам кој е длабоко вкоренет во пакистанското општество?

Феминизмот постои во Пакистан уште од раѓањето на државата. За време на отцепувањето од британската Индијска империја во 1947 година, Комитетот за ослободување на жените која ја следеше размената на луѓе помеѓу Индија и Пакистан, беше основано од Фатима Џина, сестра на Мухамед Али Џина, таткото основач на Пакистан. Потоа, Бегум Раана Лиакат Али, жената на првиот премиер на Пакистан, ја основа Сепакистанската асоцијација на жените во 1949 година; ова организација работеше на моралната, социјалната и економската добробит на пакистанските жени. Џина се кандидираше на претседателските избори во 1965 година и беше дури и подржана од ортодоксните религиозни партии, но загуби од диктаторот кој тогаш беше на функцијата, генералот Ајиб Кан.

Во осумдесетите, Форумот за женска акција преку активизмот се спротивставуваше на мизогонските визи на Зиа за исламот; денес, пакистанските феминистички колективи продолжуваат да се спротивставуваат на насилството врз жените, да ја подигаат свесноста во врска со образованието за жените и нивните политички и законски права, и да лобираат кај законодавците за донесуваат закони во корист на жените. Пресвртницата беше обжалување на уредбата Хадуд, законот со кој им се одземаат прават на жените и законот за убиство заради чест, која влезе во парламентот кога Шери Реман, поранешниот амбасадор во САД и позната феминистка, минатата деценија држеше предавања за развојот на жените. Овие како и законот против напаствувањето беа воведени во пакистанскиот закон неколку години подоцна.

Но многу Пакистанци се уште живеат со идејата дека феминизмот не е релеванен за Пакистан – тој служи за заштита на богатите и за смиреноста, или уште полошо, како западно наметнување со цел да се смири хаосот во пакистанското општество. Многу пакистански мажи и жени сеуште веруваат дека правата на жените не треба да одат подалеку од поодбрувањата кои Исламот ги воведе за статусот на жената во племенска Арабија во седмиот век. Мажите во Пакистан сеуште не се подготвени да се откажат од своите прибилегии, а многу пакистански жени не сакаат да го лулаат чамецот и се согласуваат со нив. Пакистанскиот историчар Ајеша Џалал го нарекува ова „прифаќање на потчинетоста“ кога елитите и жените од повисоките класи ги маргинализираат женските движења, со цел да ги задржат своите привилегии.

Професорот Маргот Бадран идентификува две поврзаности на феминизмот во муслиманскиот свет: „секуларниот феминизам“ од 19-иот век и “исламскиот феминизам“ од 20-иот век. Исламскиот феминизам, кој го предводеа професорите Рифат Хасан, Амина Вадуд, Асма Барлас и Фатема Мерниси, бара да се смени машката интерпретација на Исламот со користење на стихови од Коранот како спротивставување на институционалната мизогонија. Исламскиот феминизам, онаков како што се практикува во Пакистан, е поблизок до средната и високата класа, која со ентузијазам оди на часови за Коран кои се одржуваат во Урду, каде ги анализираат стиховите и учат за правата кои религијата им ги дава. Со тоа покажува солидарноста со муслиманските жени низ целиот свет. Но со неговата поставеност на академско ниво, тоа може да го ограничи правото на жената на образование, со што се маргинализираат необразуваните и сиромашните.

Пакистанските феминистки, како што се Шаназ Роузе, професор на колеџот Сара Лоренс, и Фарида Шахид, социолог која го води центарот за женски ресурси Ширкат Гах во Пакистан, вршат важна работа на полето на половиот идентитет во Пакистан, и на анализа на класите, додека Фузија Саед е клучна во подигнувањето на свесноста за сексуалното напаствување. Но нивната работа, како и онаа на другите теоретичари и активисти чија примарна основа за феминизмот не е исламот, е често отфрлена и се прифаќаат само од англискоговорната елита, со мала важност за поширокото пакистанско општество.

Сепак секуларниот фенминизам има подемократски фокус: неговите подржувачи агитираат за правата на ситежени во Пакистан, и за немуслиманките како и за муслиманките. Тоа е поврзано со други феминистички движења низ светот, не само исламистичките, и е поплуралистичко. Со прифаќањето на секуларниот национализам, како и со модернизацијата на Исламот, тоа не е ограничено со потребата да биде поставено на основа на мислите во исламските текстови, иако секуларниот феминизам исто ја користи оваа моќна алатка кога е тоа неопходно.

Феминистичкото движење може да успее само кога ја отсликува промената на жените и на општеството каде што тоа функционира. Пакистан има потреба од феминизмот која елегантно ќе ги спојува двете струи во феминизмот – секуларниот и исламскиот – затоа што така е основан и самиот Пакистан: и на исламски и на секуларни принципи.

Клиничкиот психолог Рубена Кидвај го кажа ова во врска со статусот на жената во Пакистан денес: „Пакистанската жена ее како бонсаи дрвце, кароена и усмерувана и наведувана надолу според очекувањата во пакистанското општество“. А пакистанските феминистки се единствените кои можат да го пресвртат тој деструктивен процес, за да може пакистанската жена да процвета и се издигне во височините на својот човечки потенцијал.

Њујорк тајмс – Њујорк

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица