Најмалку 15 лица загинаа кога автобус се судри со камион на автопат во централна Индија, соопшти денеска локалната полиција.
Најмалку 40 други лица се повредени во несреќата, која се случи во областа Рева во индиската држава Мадја Прадеш доцна во петокот навечер, додаде полицијата.
Во автобусот имало 60 патници кога удрил во камион, кој непосредно претходно се судрил со друг камион на автопатот, изјави локалниот полицаец Навнет Кумар, пренесува АП.
Тој додаде дека повеќето од патниците биле работници кои патувале дома од северната држава Утар Прадеш за да го прослават хинду фестивалот на светлата, Дивали.