Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче

Од:

Од водите на Вардар попладнево околу 15 часот во близина на местото на несреќата, пронајдено е телото на четвртото починато лице во сообраќајната несреќа што вчера се случи околу 16 часот, кога патничко возило „ауди“ излета од патот Сарај-Рашче, потврди Министерството за внатрешни работи.

По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено на судска медицина од каде треба да се добие потврда за идентитетот на лицето.

– Откако од водите на Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа. Се работи на утврдување на причините, се наведува во информацијата од ЈОРСМ.

Во потрагата по четвртото лице од несреќата учествуваа и припадници на армиските Волци.

Јавното обвинителство утрово соопшти дека заедно со автомобилот, од водите на Вардар синоќа биле извадени три починати женски лица, за кои била издадена наредба за обдукција. Се трагаше по уште едно лице. Во автомобилот патувало и дете, кое било пронајдено повредено надвор од возилото и пренесено на Клиничкиот центар.

Директорот на Детска хирурија Лазо Јовчески за МИА изјави дека детето е во стабилна општа состојба, не е во витално загрозувачка состојба и наскоро треба да биде пуштено на домашно лекување.

-Детето е во стабилна општа состојба, не е витално загрозено. Од денеска се наоѓа на оддел, значи не е повеќе на интензивна нега. Очекувам наскоро да биде пуштено на домашно лекување. Вчера имаше интензивен мониторинг, денеска контролни по протокол, биохемиски параметри за споредба, стабилно е, мислам дека сѐ ќе се разреши поволно за детето, кое има пет години, рече Јовчески.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење