Суданската армија стави крај на вооружен бунт на поранешни безбедносни агенти

Од:

Суданската војска стави крај на вооружениот бунт од страна на поранешните агенти за безбедност и ја врати контролата врз разузнавачкиот штаб во Картум.

Отпуштените членови на Националната служба за разузнавање и безбедност (НИС С), блиски до претседателот Омар ал-Башир, кој беше соборен во април, претходно пукаа од зградата во знак на протест поради мали отпремнини.

Според очевидци, граѓани и воени извори, размената на оган меѓу војската и поранешните агенти траела со часови. Бунтовниците се предадоа по разговори.

Тоа е најголемиот конфликт досега помеѓу членовите на старата гарда и поддржувачите на новата администрација, кој доаѓа во рамките на реорганизација на суданскиот безбедносен апарат за време на транзицискиот период.

Покрај тоа, поранешните службеници за безбедност, исто така, незадоволни од отпремнината,пукаа врз две мали нафтени полиња во Дарфур, изјави извор од суданската Влада.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on