Армијата на Судан соопшти дека со претставниците на опозицијата договори тригодишен транзициски период, во кој ќе бидат извршени подготовки за предавање на власта на цивилите.
Составот на Суверениот совет и на владата ќе биде одреден во следните 24 часа.
Договоривме тригодишен преоден период, изјави генерал Јасер Ата, член на Воениот совет кој е на власт по соборувањето на претседателот Омар ал Башир на 11 април.
Демонстрантите бараа транзицискиот период да трае четири години додека армијата сакаше преодниот рок да биде две години.
Првите шест месеци од транзицскиот период ќе биде посветен на составување на мировните договори со бунтовничките движења во западниот и јужниот дел на Судан, посочи генерал Ата.
Тој додаде дека договорени се и овластувањата и надлежностите на идниот Парламент.
– Се уште не е одлучено каков ќе биде составот на Суверениот совет, тело кое ќе ја има највисоката власт во Судан се до целосното предавање на власта на цивилите. И армијата и опозицијата сакаат да имаат мнозинство во тоа тело.