Најмалку 11 лица беа убиени во судирите со безбедносните сили во Судан за време на масовните демонстрации во таа земја, соопштија локални активисти.
Лекарската комора на Судан го потврди бројот на жртвите.
Според сегашните податоци, повредени биле повеќе од 200 лица.
Протестите во неделата беа најмасовните од нападот на безбедносните сили на кампот на демонстрантите пред Министерството за одбрана пред три недели.
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во повеќе делови на Картум, главниот град на Судан. Во близина на претседателската палата, безбедносните сили фрлија солзавец.
Заменик-шефот на суданскиот владејачки воен совет, генерал Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, тврди дека непознати снајперисти пукале врз цивили и војници.
Десетици илјадници демонстранти излегоа во неделата на улиците на суданската престолнина и во другите делови на земјата, барајќи формирање на цивилна власт, речиси три месеци откако војската на Судан ја укина власта на Омар ал Башир.
Во судирите кои уследија, според организаторите на протестите, беа убиени 128 лица низ целата земја, а според властите, загинале 61 лице, вклучувајќи ги и тројца членови на безбедносните сили.