Суд во Шпанија и забрани на авиокомпанијата „Рајанер“ да наплаќа рачен багаж

Од:

Суд во Шпанија денеска пресуди дека правилото кое нискобуџетната авиокомпанија Рајанер го применува за наплаќање рачен багаж е навредливо и повеќе не треба да се применува во таа земја.

Таквото правило за наплаќање рачен багаж Рајанер го воведе крајот на минатата година.

Пресудата е донесена откако патничка поднела тужба поради правилата воведени минатата година и дека повеќето патници плаќаат дополнително за внесување поголем багаж.

Во соопштение на Рајанер се наведува дека пресудата нема да влијае врз правилата на Рајанер за багаж, бидејќи се работи за изолиран случај во кој погрешно се толкува пазарната слобода за одредување на величината на рачниот багаж.

На прашање дали тоа значи дека ќе ја игнорираат пресудата на шпанскиот суд или ќе се жалат до Европскиот за правда, Рајанер одби да одговори.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски