Субрата Рој должи повеќе од 4 милијарди долари

Од:

Индискиот регулатор на пазарот СЕБИ започна со процесот на враќање на парите што компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој ги должи на инвеститорите. Како што известуваат индиските медиуми, најпрво се утврдува дали инвеститорите имаат целосна легална документација. Врховниот суд треба да утврди и дали е точно тврдењето на Субрата Рој дека дел од парите се веќе вратени.

Колку за потсетување, првичната одлука на судот беше компаниите на индискиот бизнисмен да вратат 4,4 милијарди долари на измамените 2 милиони граѓани. Откако беше утврдено дека парите не се враќаат според утврдената динамика, беа замрзнати сметките на Субрата Рој и на неговите компании.

Претходно тој пред индискиот регулатор на пазарот СЕБИ изјавил дека нема милијарди, ниту милиони, туку дека се што има се 970 илјади. Рој изјавил дека неговиот имот бил ужасно скромен во однос на репутацијата на милијардер.

Тој и неговата сопруга имале златен накит и драгоцени камења во вредност од 600.000 долари, фиксни депозити (за кои има поголема камата) во вредност од 300.000 долари и 70.000 долари готовина и банкарски заштеди. Се’ на се’ – 970.000 долари. „Тоа е се’ што го имам“, им изјави Рој на новинарите по едночасовното сослушување во регулаторот на индискиот пазар.

Индискиот, како што нашите власти го преставија, милијардер Субрата Рој, при посетата на Македонија ветуваше дека од Охрид ќе направел Лас Вегас. Во меѓувреме изби скандалот со одлуката на Врховниот суд на Индија кој заради измами и даночно затајување од 4,4 милијарди долари му го замрзна целиот имот и сметките на Субрата, а подоцна распиша и потерница за негово апсење.

Би можело да ве интересира

Синот на Субрата Рој на списокот на спорни гласачи

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Ставревски: Инвестицијата на „Сахара груп“ станува реалност

Емир Латифовиќ

МЗШВ ги презеде сите мерки при потпишување на договорот со „Сахара груп“

Емир Латифовиќ

Субрата Рој – Крај на приказната за големите инвестиции

Емир Латифовиќ

Султанот од Брунеи ќе го спасува Субрата Рој

Емир Латифовиќ