Субрата излегува од затвор?

Од:

Врховниот суд на Индија го усвои последниот предлог на индискиот бизнисмен Субрата Рој за начинот на исплата на кауцијата потребна за тој да излезе од затворот Тихар. На денешното рочиште, судиите прифатиле побараната кауција од околу 1,7 милијарди американски долари да се исплати на три рати.

Првата исплата од околу 415 милиони долари Рој е подготвен да ја даде во рок од три работни дена, а уште 415, како и банкарска гаранција за преостанатите (околу 830 милиони долари) во следните 60 дена.

Предуслов за овој предлог е итно ослободување на Рој од притвор и одмрзнување на имотот на неговите компании. Заедно со овој предлог групацијата „Сахара“ доставила и листа на имоти на Рој кои можат веднаш да се продадат за да се обезбедат потребните пари.

Милиони мали инвеститори сега очекуваат да видат што ќе се случи со нивните пари, со оглед на тоа што Рој им должи околу четири милијарди американски долари. Според аналитичарите, случајот може да постави нови контури на одговорноста на корпоративното управување во Индија.

Би можело да ве интересира

Синот на Субрата Рој на списокот на спорни гласачи

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Ставревски: Инвестицијата на „Сахара груп“ станува реалност

Емир Латифовиќ

МЗШВ ги презеде сите мерки при потпишување на договорот со „Сахара груп“

Емир Латифовиќ

Субрата Рој – Крај на приказната за големите инвестиции

Емир Латифовиќ

Султанот од Брунеи ќе го спасува Субрата Рој

Емир Латифовиќ