Студија: Загадениот возух го скратува животниот век за три години

Од:

Според една студија, загадувањето на воздухот убива 19 пати повеќе од маларијата, девет пати повеќе од СИДА-та и скоро три пати повеќе од алкохолот, јави дописникот на МИА.

„Пандемијата“ на загадување на воздухот го намалува животниот век во светски просек за речиси три години и предизвикува 8,8 милиони случаи на прерана смрт годишно, покажува студијата објавена денеска од германскиот институт Макс Планк.

-Загадувањето на воздухот претставува поголем ризик за јавното здравје отколку пушењето, објаснува Joс Лелибелд од Институтот Макс Планк (Мајнц, Германија), првиот автор на студијата објавена во списанието на Европското здружение за кардиологија и кардиоваскуларни истражувања.

Коронарните болести и кардиоваскуларните проблеми претставуваат речиси половина од смртните случаи, заболувањето на белите дробови, високиот крвен притисок и дијабетот се најголемиот дел од другите заболувања предизвикани од загадувањето на воздухот. Само шест отсто од смртноста поради загадувањето на воздухот се должи на рак на белите дробови.

Начинот да се избегне ова е да се намали емисијата на штетни гасови, односно да се заменат фосилните горива со нова обновлива енергија, сметаат научниците.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто