Студија: Луѓето кои носат очила имаат помал ризик да се заразат со коронавирус

Од:

Луѓето кои редовно носат очила имаат умерено помал ризик од инфекција со Ковид-19, додека контактните леќи немаат дополнителна заштита, покажа големото истражување кое ја нагласува важноста на окото како пат за инфекција со коронавирус.

Повеќе од 19.000 испитаници на студијата Virus Watch во Англија и Велс одговориле на прашалник за употреба на очила и контактни леќи.

Почнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавувале својот ковид статус, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци на крв за да утврдат дали се заразени или не со коронавирус.

Откако ги разгледале другите фактори на ризик, истражувачите откриле 15 отсто помал ризик од инфекција кај оние кои рекле дека секогаш носат очила за општа употреба во споредба со оние кои никогаш не носеле очила.

Заштитниот ефект беше намален кај оние кои рекоа дека нивните очила го попречуваат носењето маски и не е забележан заштитен ефект кај луѓето кои носат контактни леќи, според извештајот објавен во medRxiv, пред научната ревизија.

„Очилата треба да се сметаат како дел од пошироките стратегии за спречување на пренос на инфекција во заедницата и може да бидат вредни за разгледување во случај на идни пандемии и во занимања со висока изложеност, вклучително и здравствена заштита“, велат научниците.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана