Студентите во Хонг Конг одбиле да ги отстранат барикадите, бараат исполнување на барањата

Од:

Студентите кои протестираат во Хонг Конг денеска одбија да ги отстранат барикадите на улиците и се заканија дека ќе заземат нови делови во градот се додека Владата не ги исполни целосно нивните барања за одржување демократски избори во 2017 година.

– Без вистинско објаснување и конкретни идеи за решавање на моментниот спор, луѓето во Хонг Конг нема да се повлечат. И нема причина никој од нас да бара да се повлечеме. Поради тоа движењето Окупирај го центарот мора да продолжи, истакна претседателот на Студентската федерација на Хонг Конг, Алекс Чоу.

Тој додаде дека студентите ќе започнат „окупација“ на други градски подрачја.

Протестот почна на 27 септември поради несогласување со планот на кинеската Влада да ги контролира изборите во Хонг Конг во 2017 година.

Демонстрациите во Хонг Конг се огромен политички предизвик за властите во Пекинг, откако Кина ја презеде контролата над оваа поранешна британска колонија во 1997 година.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше