Студентите во Хонг Конг ги прекинаа преговорите со власта

Од:

Лидерите на студентите во Хонг Конг, кои сочинуваат најголем дел од демонстрантите кои бараат поголема демократија на оваа автономна територија во Кина, соопштија дека нема да учествуваат во преговорите со власта.

Федерацијата на студентите од Хонг Конг оцени дека нема друг избор освен да го прекине учеството во дијалогот, со кој требаше да завршат еднонеделните протести, кои буквално го окупираа центарот на Хонг Конг.

Студентите тврдат дека денеска во градот криминални банди ги нападнале мирните демонстранти, но полицијата не интервенирала. Поради тоа студентите одлучиле да се повлечат од протестите.

Претходно, организаторите на протестите прифатија разговори со локалните власти, иако актуелниот хонгконшки лидер Си Леунг одбива да поднесе оставка.

Протестите избувнаа откако властите во Пекинг се откажаа од претходно даденото ветување за целосно слободни избори во Хонг Конг во 2017 година, задржувајќи го за себе правото на вето за предложените кандидати за највисоките функционери на оваа територија.

Според понудениот план за изборни реформи, гласачите ќе го имаат правото за слободни избори, но нема да има слободно номинирање на кандидатите. Тие претходно ќе мора да бидат прифатени и одобрени од специјален изборен комитет, за кого демонстрантите тврдат дека ќе биде „под палката“ на Пекинг.

Лидерите на протестите, меѓутоа, инсистираат дека тоа не е доволно за изборите да бидат вистински фер и демократски, како што е предвидено со британско-кинеската спогодба, постигната откако Велика Британија во 1997 година и го врати Хонг Конг на Кина.

Официјален Пекинт уште на почетокот од протестите соопшти дека нема да разговора околу планот за изборни реформи и ги осуди демонстрациите како „нелегални“.

Кина го поддржува и лидерот на Хонг Конг и ги одобрува сите негови досегашни потези.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше