Студентите на Полициската академија во Ним не ги почитувале мерките на ограничувања

Од:

Студенти од Полициската академија во Ним минатата недела организираа забава на паркингот на академијата, со непочитување на мерките на ограничување и за време на полицискиот час, што предизвика незадоволство на министерот за внатрешни работи.

– За да те почитуваат, мора да бидеш примерен. Целосно е неприфатливо. Ако ова е вистина, одговорните студенти нема да бидат достојни да носат униформа и ќе бидат исклучени. За да те почитуваат мора да бидеш угледен, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан.

Според БФМТВ и Ле Паризиен, забавата била организирана во средата навечер. Бригадата на полициски водичи на кучиња што се враќаат од нивниот работен заблежува музика која доаѓа од училишниот стадион. Кафезите за кучињата се наоѓаат во близина. На самото место, припадниците на оваа бригада откриле стотина лица како се забавуваат, со гласна музика.

Поради забавата отворена е административна истрага од страна на директорот на националната полиција. Првите докази сугерираат дека станува збор за забава организирана во стан кој продолжила на паркингот на Полициската академија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата