Стотици студенти и ученици од средни училишта ја бојкотираат денеска наставата за да учествуваат на протестите во Хонгконг.
На таквиот потег му претходеа најголемите протести досега одржани во текот на викендот, за време на кои демонстрантите палеле барикади, фрлале димни бомби, а полицијата одговорила со водени топови, солзавец и гумени куршуми.
Студентите се собрале пред Кинескиот универзитет во Хонгконг, кој е еден од најголемите, а поставен е и транспарент „Обединет бојкот на студентите за нашиот град“.
Инаку, од утринава полиција се наоѓа во поземната железница во Хонгконг, каде дошло до судир со демонстрантите за време на викендот.
Учесниците на протестот повикуваат на генерален штрајк, меѓутоа од утринава во градот е релативно мирна ситуацијата.