Строс-Кан демантира дека склучил вонсудска спогодба со собарката

Од:

Адвокатите на поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан демантираа дека тој склучил вонсудска спогодба со собарката од њујоршкиот хотел „Софител“, Нафисату Диало, која минатата година го обвини за силување.

Адвокатите категорично ги демантираат тврдењата на француските медиуми дека поранешниот директор на ММФ се согласил да и исплати отштета во износ од шест милиони евра на 33-годишната Диало, која потекнува од Гвинеја.

Тие сепак признаа дека биле водени преговори за постигнување на вонсудска спогодба, но прецизираа оти таа не е постигната. Адвокатите додадоа дека Строс-Кан ќе продолжи да се брани во судот, доколку двете страни во граѓанскиот процес не успеат да се спогодат.

Францускиот весник „Монд“ претходно објави дека поранешниот шеф на ММФ и понудил на собараката шест милиони долари за да се откаже од судската тужба против него за обид за силување.

„Монд“ додава дека Строс-Кан и собарката ќе се сретнат пред судија во Њујорк на 7 декември за да ја потпишат спогодбата.

Според весникот голем дел од сумата, односно три милиони долари Строс-Кан планира да обезбеди преку банкарски кредит, а останатот дел ќе му го достави поранешната сопруга Ан Сенклер, која го поддржуваше во текот на целиот скандал, но на крај сепак се разведе од него.

Скандалот го принуди Строс-Кан да поднесе оставка од функцијата директор на ММФ и да им стави крај на неговите политички амбиции, Тој беше сметан за фаворит во борбата за номинација на Француската социјалистичка партија за претседателските избори, кои се одржаа во мај, а на кои за претседател беше избран социјалистот Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели