Строгата политика на карантин на Хонг Конг генерира огромни количини пластичен отпад

Од:

Строгата карантинска политика што се спроведува во Хонг Конг за запирање на ширењето на коронавирусот за многу од експертите претставува опасност оттаму што штети на економијата и менталното здравје. Истовремено екологистите ја критикуваат заради тоа што дополнително ја загадува животната средина со пластичен отпад.

Тие посочуваат дека пластика има насекаде: во карантинските хотели, далечинските управувачи се обвиткуваат во најлон, перниците се покриваат со пластични кеси, а оброците пристигнуваат во најлонски кеси и со пластичен прибор за јадење, пренесува Хина.

Клементин Вон, претприемничка од Хонг Конг, посочува дека персоналот во тие објекти е облечен во целосна заштитна опрема, што значи дека секој има пластични костуми, ракавици, чевли, специјални покривки за глава…Сиот персонал на секој кат од објектот“, вели таа.

„Телефони, далечински управувачи, сè е завиткано во пластична фолија“, изјави Вон која од 4 април се наоѓа во еден од објектите за изолација.

Во Хонг Конг дневно се отстрануваат повеќе од 2.300 тони пластичен отпад, а стапката на рециклирање, според властите, е само 11 отсто. Најголемиот дел од отпадот завршува на депониите. Портпарол на Владата на Хонг Конг вели дека властите се свесни за зголемувањето на количината на отпад за еднократна употреба од почетокот на епидемијата со коронавирусот и ги повика жителите да демонстрираат еколошка свест секогаш кога е можно.

Но, Едвин Лау од локалната еколошка група „Зелена земја“ тврди дека пристапот на властите во Хонг Конг кон борбата против Ковид одразува целосен недостаток на еколошка свест.

„Не сите луѓе кои се сместени во објектите за изолација се потврдени случаи на Ковид-19“, рече Лау, повикувајќи ги властите да дозволат рециклирање или повторна употреба на пластика од објектите за карантин.

Хонг Конг, што е едно од ретките места во светот што се придржува до политиката на „нулта толеранција кон Ковид“, оваа година во карантин има сместено десетици илјади луѓе. Тие престојуваат во установи за позитивни на Ковид-19 и лица што имале блиски контакти со заразените.

Таквите капацитети само придонесуваат за проблемот со прекумерен пластичен отпад, а нивните корисници потврдуваат дека сите оброци ги добиваат спакувани во пластични кеси и со пластичен прибор за јадење.

Окружниот советник Пол Цимерман смета дека таквите објекти подоцна стануваат целосно неупотребливи бидејќи не можат во иднина да се користат како објекти за домување.

„Тие беа изградени набрзина… и не ги исполнуваат градежните стандарди што се на сила во Хонг Конг“, предупреди Цимерман.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше