Игор Гиркен, познат како Стрелков, лидер на проруските сепаратисти во Украина потврди дека тие го урнале малезискиот авион на летот „МХ17“.
-Бевте предупредени да не летате над нашето небо- изјави тој.
#Russia‘n cmdr Strelkov commented on downed #MH17 (thinking it was Ukrainian): “We warned – do not fly in our skies” pic.twitter.com/hkXoaD3xvT
— Ukraine Reporter (@StateOfUkraine) July 17, 2014
Како што оценуваат медиумите, тој мислел дека е урнат украински транспортен воен авион, но кога сфатил дека се работи за патнички авион, веднаш побарал изјавата да се отстрани.
Инаку тој е „министер за одбрана“ на сепаратистичката, непризнаена Доњецка народна Република.
Е. Г.