Две лица веројатно загинале откако паднале од тркалата на авионот што полетал од Кабул непосредно пред инцидентот.
Видеото, објавено од Техеран Тајмс, покажува како авионот полетува, а потоа едно лице паѓа и се движи кон земјата со огромна брзина.
DISCLAIMER: DISTURBING FOOTAGE❗️❗️❗️
Two people who tied themselves to the wheels of an aircraft flying from Kabul, tragically fall down. pic.twitter.com/Gr3qwGLrFn— Tehran Times (@TehranTimes79) August 16, 2021
Претходно, на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како најмалку три лица се држат за крилјата и тркалата на авионот што се движи по пистата.
People seen holding on to a plane as it prepares to take off from Kabul Airport, where at least 3 people fell to their death pic.twitter.com/poJHpN1cDC
— BNO News (@BNONews) August 16, 2021
Медиумите јавуваат дека најмалку две лица паднале од авионот по полетувањето, но засега нема официјална потврда за трагичниот настан.
Инаку Талибанците вчера влегоа во Кабул и официјално ја презедоа власта во Авганистан. После тоа настана хаос на аеродромот во главниот град.