Расне бројот на масакрирани тела кои водата ги исфрли на плажите на африканската држава Габон, што предизвика страв од некогаш актуелните ритуални убиства во претстолнината Либервил.
Видовме 20 убиства од почетокот на годинава, потврди претседателот на Здружението на Габон за превенција од ритуалните убиства во претстолнината, Жан Елвис Ебанг Ондо, кој додаде дека повеќето жртви се млади девојки чии усни, јазик, гениталии или некои други органи се отстранети,пренесува агенцијата„Ројтерс“.
Деловите од човечкото тело и телата од животните имаат висока цена, поради нивната наводна натприродна моќ, во државите на Централна Африка.
Новите убиства ја вознемирија јавноста и го активираа гневот кон владата на претседателот Али Бонг Ондимб, која не направи речиси ништо да ги сопре таквите ритуални убиства и која одбива да се огласи по повод големиот број на пронајдени масакрирани тела.
Ние сакаме да го изнесеме своето големо незадоволство и да и кажеме на власта дека тоа мора да престане, изјави членката на „Групата плачот на жените“, Џеси Бијамбу, која на 6-ти април ќе организира митинг за поддршка на семејствата на жртвите од ритуалните убиства.
Габон не е единствената африканска држава која има црн пазар за човечки органи, наведува Ројтерс и додава дека крадците ископале повеќе од 100 гробници во Бенин во ноември минатата година.
Властите на Камерун во септември 2012, привеле пет лица поради трговија со човечки органи, кај кои во моментот на приведување биле пронајдени неколку одсечени човечки глави.
Елена Георгиевска