Страотно сведоштво на новинарка: Бев во Изјум, ова е полошо од се што можете да замислите

Од:

Емануел Чејз, дописничка и репортерка кој работи за Дојче веле и за Франс24, на Твитер објави шокантен извештај од ослободениот Изум, во кој по повлекувањето на руските сили е пронајдена масовна гробница во која, според Украинците, има 440 тела.

„Штотуку се вратив од местото на масовната гробница во Изум. Ова е полошо од се што можете да замислите. Можам да потврдам дека барем некои од луѓето закопани таму неодамна беа мачени. Тие умреа од насилна смрт“, напиша таа на Твитер.

Таа наведува дека во гробницата биле пронајдени телата на 17 украински војници, додавајќи дека телата се однесени на обдукција.

Чејз ги опишува и посмртните останки на маж на возраст од околу 18 години. „Рацете му беа врзани зад грб. Беше силно удрен со остар предмет во главата. Неговиот скротум беше смачкан, а на внатрешните делови на бутовите, исто така, имаше знаци на тортура“, напиша таа.

Таа објави и фотографија од пожарникарите кои се први задолжени за ексхумирање на телото. „Еден ми рече дека на целата негова единица ќе и треба психолошка помош после ова“, напиша таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски