Странски компании бараат арбитража поради ограничените права на концесионерите на рудници во Индонезија

Од:

Џакарта,2 јули 2014 ( МИА ) – По забраната за извоз на непреработени руди, донесена во Индонезија во почетокот на годинава, две големи меѓународни корпорации што имаат концесии за рудници на бакар и никел побараа меѓународна арбитража. Барањата се доставени до Центарот за решавање на инвестициони спорови со седиште во Вашингтон.

Мешовитата индонезиско – холандско – американска компанија која има концесија за екплоатација на вториот по големина рудник зза бакар и злато во светот, соопшѕи дека за извоз има подготвено метална сировина која содржи 30 посто бакар, но и тоа не било доволно индонезиската влада да ја исклучи оваа компанија од забраната. Според најновиот индонезиски закон, на концесионерите ќе им биде дозволено да извезуваат минерални сировини во кои процентот на чист метал е најмалку 20 посто за оваа, а 60 посто идната година. Комплетната забрана за извоз на непреработени руди и минерали стапува на снага во 2017 година.

Индонезискиот министер за енергетика и рударство Руди Сукјар изјави дека, за сега, нема да ги коментира наводите од барањата на концесионерите, но потсети дека и домашните и странските компании при заклучувањето на догоорите за концесија презеле обврска да изградат топилиници во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски