Стоунхенџ веројатно била уметничка галерија

Од:

Стоунхенџ со векови ги збунува истражувачите кои никако да ја дознаат неговата намена. Сега англиските научници тврдат дека мистериозната камена градба била своевидна уметничка галерија.

Новите снимки направени со 3Д технологијата укажуваат дека тесарите внимателно бирале кој материјал го ставаат на која страна на камените столбови како би ги осветлиле деловите во одредено време на денот.

Снимките покажуваат дека сликите исклесани во преостанатите 83 столбови, невидливи за голо око, светат кога Сонцето ќе ги осветли под одреден агол. Откриени се повеќе од 70 до сега невидени исклесани слики и симболи, со што нивниот вкупен број изнесува 115.

Истражувачите анализирале 850 гигабајти снимки и открија дека овие слики светат под светлоста на Сонцето кога зајдува при зимската рамноденица или во зората на најдолгиот ден во годината.

– Ова докажува дека нашите претци му придавале големо внимение на Сонцето, но и на правецот од кој посетителот му приоѓал кон Стоунхенџ, затоа што сликите светеле само ако им се приоѓа од североисток, рече професорот по археоастрономија, Клајв Раги.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска