Билансот на жртвите при одронот на сводот во рудникот за злато во западниот судански регион Дарфур, што се случи во понеделникт, најверојато ќе изнесува околусто загинати, соопшти денеска неименуван претставник на рудникот.
Според очевидци од местото на настанот, деветмина припадници на спасувачки екипи останале затрупани во јамата, откако се урнал нов дел од сводот, додека тие работеле на откопување на потрупаните рудари, кои се наоѓаат на околу 40 метри длабочина од рударското окно.
Истите извори тврдет дека спасувачите се живи, но се отсечени од влезот на рудникот. Во текот на вчерашниот ден од рудникот беа извлечени осум безживотни тела на рудари. Причините за несреќата засега не се познати. Наделжните органи не знаат ни колку точно рудари имало во јамата во време на одронот, иако се препоставува дека се над сто. Рудникот се наоѓа во реонот на Џебел Амир, на над 200 километри северозападно од градот Ел Фашер, во северниот дел на Дарфур.