Стотина возила заевани на автопат во Унгарија, голем дел од патниците се Срби

Од:

Голем број автобуси и автомобили со државјани на Србија останаа завеани на автопатот во Унгарија кај Џера, а српската Амбасадата во Будимпешта истакна дека веќе се испратени екипи за да го расчистат снегот, јави Танјуг.

– Екипите за вонредни состојби ја чистат таа делница од автопатот и се обидуваат да дојдат до завеаните лица, изјавија претставници на Амбасадата, кои нагласија дека дополнителен проблем е што денеска во Унгарија е неработен ден.

Според информациите од Амбасадата станува збор за колона од околу 100 возила.

Еден од патници изјавил дека се завеани веќе 13 часа и дека се уште никој од унгарските власти не им дошол на помош. Според него снегот паѓа со голем интензитет, а никој од патниците не може да излезе надвор, бидејќи е многу студено.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби