Стотина британски компании поради Брегзит се селат во Холандија

Од:

Стотина компании го преселија својот бизнис од Британија во Холандија или таму основаат фирми, со цел да останат во ЕУ по Брегзит, објави холандската државна агенција.

Слични потези разгледуваат уште 325 компании, кои се загрижени од загубата со пристапот на пазарот на ЕУ по Брегзит, наведува холандската агенција за странски вложувања.

– Континуираната зголемена неизвесност во Велика Британија и поизразената можност за Брегзит без договор им причинуваат на тие компании големи економски главоболки, истакна Јероен Нијланд.

Поради тоа, според него, се повеќе компании се вртат кон Холандија како можна нова база на европскиот пазар. Станува збор за компании во областа на финансии, информациски технологии, медиуми, огласувања и здравство.

Германија, Франција, Белгија и Ирска се главни конкуренти на Холандија за привлекување компании кои го префрлаат својот бизнис по Брегзит.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Силна експлозија во Холандија

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации