Стотици загинати при напад на Боко Харам во нигерискиот град Гамбору Нгала

Од:

Стотици луѓе загинаа при напад на исламистичката група Боко Харам во градот Гамбору Нгала, североисточна Нигерија, во близина на границата со Камерун.

– При нападот убиени се околу 300 луѓе, изјави локалниот сенатор Ахмед Зана.

Гамбору Нгала се наоѓа во сојузната држава Борно, историски бастион на Боко Харам. Според очевидци десетици напаѓачи пристигнале во градот со оклопни возила и минибуси со ознаки на полицијата и армијата. Тие го запалиле пазарот, канцеларијата на царината, полициската станица и речиси сите продавници во градот, а врз луѓето отвориле оган, а некои од жртвите се и заклани.

Во бунтот на Боко Харам, кој почна пред пет години, загинаа илјадници луѓе во најмногубројната африканска земја – Нигерија и прва економска сила на континентот. Насилството е најголемо во североисточниот дел на земјата, каде армијата веќе една година се обидува да го задуши крај на бунтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он