Првиот контингент војници кој се состои од 70 воени инструктори од Европската унија, пристигнаа во Мали во петокот, како дел од Европската тренинг мисија (EUTM), изјави шефот на контингентот.
Водачот на првиот Европски контингент, полковникот Бруно Хелуин за новинарите во Бамако изјави дека нивната мисија се состои од помош во “реформа на малиската армија, за да може сама да ја заштити својата национална територија и да е способна да одговори на сите предизвици.”
За тренингот кој ќе се спроведува, планирано е доаѓање на вкупно 200 тренери од 15 европски земји, а ќе трае 15 месеци.
Хелуин рече дека дел од контингент кој ќе остане во Бамако, ќе биде во контакт со синџирот на команда, а другиот ќе биде распореден во Куликоро, кој се наоѓа на оддалеченост од околу 60 километри од Бамако, како што јавува Ксинхуа.
Москва е загрижена дека конфликтот во Мали може да се прошири во соседните земји, изјави рускиот амбасадор во Мали.
“Постои ризик дека конфликтот може да се прошири во соседните земји во регионот Сахел, кои имаат слични проблеми”, ја цитираше новинската агенција Интерфакс изјавата на рускиот амбасадор во Мали,Алексеј Дуљан.
Амбасадорот, исто така, истакна дека природните богатства на Мали, се една од причините за конфликтот.
“Мали е богат со вредни природни ресурси, вклучувајќи и злато, ураниум, нафта и железо”, рече Дуљан. “Јасно е дека природните ресурси се еден од факторите во комплексниот збир на проблеми кои доведоа до сегашната криза”.
Руските граѓани кои работаат во амбасадата во Мали можеби ќе бидат евакуирани ако ситуацијата се влоши, изјави тој.