Стотици угледни интелектуалци уапсени во Кашмир

Од:

Повеќе од 500 лица се приведени во индиската држава Кашмир на последниот обид за сузбивање на опозицијата, откако централно-десничарската влада во Њу Делхи ја отповика автономијата на регионот.

Универзитетски професори, бизнисмени и активисти се меѓу 560 уапсени и однесени во новоотворените центри за притвор. Некои од уапсените се извадени од своите домови за време на полноќните полициски операции во градовите Сринагар, Барамула и Гуес.

Одлуките за притвор се случуваат во моменти кога се очекува радио обраќање до нацијата од страна на премиерот Нарендра Моди, кој мора да ја објасни одлуката на неговата хинду-националистичка влада да го отповика 70-годишниот специјален статус на регионот.

Десетици илјади индиски војници воведоа строг полициски час – кој вклучува: без пристап до Интернет и мобилни комуникации и наметнување ограничувања во сообраќајот, кои обично се преполни со туристи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повеќе од шестмина загинати во нов напад во Кашмир, ситуацијата останува тензична

А1он

Уште еден земјотрес во пакистанскиот дел на Кашмир

Татјана Ташкова

Пакистанскиот премиер го предводи антииндискиот протест за Кашмир

Над 4.000 приведени во индиски Кашмир по укинувањето на уставната автономија на Кашмир

Индија повторно воведе ограничено движење во Кашмир

Пакистанскиот премиер разговараше со Трамп за Кашмир