Повеќе стотици демонстранти денеска се собраа во Хонг Конг, дополнувајќи ги своите барања со заложба за демократски реформи. Полицијата уапси најмалку пет лица.
Лидерите на студентското движење им најавија на насобраните пред седиштето на владата дека ќе ја прошират својата кампања и ќе ја опколат зградата.
Масата демонстранти се обидоа да се приближат до владината зграда и стотина од нив го пробија полицискиот кордон, но беа запрени на барикадите поставени од полицијата.
Потоа тие го блокираа сообраќајот и соопштија дека ќе останат тука до утре изутрина за да ги спречат владините функционери да дојдат на рбаота.
Демонстрантите најавија дека ќе ги заострат протестите за да ја принудат власта да им даде одговор во врска со нивните барања.
Демонстрантите бараат владата на Хонг Конг да се откаже од планот наметнат од комунистичките лидери на Кина, а според кој комисија составена од припадници на елитата наклонета кон Пекинг ќе ги оценува кандидатите за лидер на Хонг Конг на изборите во 2017 година.