Стотици илјади луѓе гладуваат во Етиопија

Од:

Шефот на Обединетите нации за хуманитарни прашања Марк Лукок предупреди дека етиопскиот регион Тиграј и северот на таа земја се загрозени од глад и дека постои ризик да умрат стотици илјади луѓе или повеќе.

Лукок изјави дека е уништена економијата во тие области, како и производствените компании, земјоделските култури и фармите и дека нема банкарски и телекомуникациски услуги.

– Веќе слушнавме за смртни случаи предизвикани од глад. Луѓето мора да се разбудат, меѓународната заедница мора да се организира, вклучително и преку обезбедување пари, рече тој.

Кон крајот на мај, Лукок укажа на тешката состојба во Тиграј од почетокот на војната, со околу два милион раселени лица, убиени и повредени цивили, широко распространето силување и други форми на грозоморно сексуално насилство, уништена јавна и приватна инфраструктура неопходна за живот, вклучително и болници и земјоделско земјиште.

– Сега има стотици илјади луѓе во северна Етиопија во состојба на глад. Ова е најголемиот проблем со глад што светот го видел во последните десет години. Четвртина од милион Сомалијци починале од глад од 2011 година. Ова сега потсетува на огромната трагедија во Етиопија во 1984 година, рече Лукок.

Тој истакна дека сега постои ризик стотици илјади луѓе или повеќе да ги загубат своите животи.

Лукок смета дека станало многу тешко за хуманитарните агенции да доставуваат храна или друга помош на луѓето на кои им е потребна.

ОН и владата на Етиопија им помогнаа на околу два милиона луѓе во последните месеци во северна Етиопија, претежно во области под контрола на владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

ОН: Речиси еден милион луѓе гладуваат во сиромашните држави

Ана Ололовска