Турската новинска агенција Анадолија веќе известува дека стотици илјади луѓе почнале да се движат кон медицинскиот комплекс Ал Шифа во градот Газа, откако беше објавена веста за израелската наредба за евакуација. Цивилите во Газа се збунети и преплашени, стравувајќи дека нема да можат да го избегнат она што би било најголемото раселување во последните децении во малата енклава од само 365 квадратни километри. Околу 1,1 милион луѓе живеат во северниот дел на Појасот Газа, кој го опфаќа градот Газа и неговата околина.
Медицинскиот комплекс Ал Шифа е најголемиот во Газа, главниот центар на медицинската инфраструктура на градот Газа и често ги засолнувал цивилите во градот за време на напади или во време на криза. Илјадници веќе се засолниле таму, а болницата претрпела штета од блиските воздушни напади. Лекарот Гасан Абу-Ситах од болницата Шифа вчера изјави дека „тие се на точка на кршење. Има повредени во ходниците, а нема кревети. Погоден е блискиот бегалски камп, а капацитетите на сите болници се одамна надминати .