Неверојатна трагедија во Газа: Петмина загинаа од хуманитарен пакет кој падна врз нив

Од:

Официјални лица во Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас и сведок, изјавија за Си-Би-Ес Њуз дека пет лица загинале во петокот додека авионите фрлале помош за Палестинците во бегалскиот камп Ал Шати во северниот дел на Газа.

Трагедијата се случила кога најмалку еден падобран не успеал правилно да се активира и пакетот паднал врз луѓето.

Официјални лица кои разговараа за CBS News изјавија дека две момчиња се меѓу петте загинати, а 11 други се повредени во инцидентот. Точната возраст на жртвите не е позната, но се наведува дека повредените биле на возраст од 30 до 50 години.

САД, Јордан, Египет, Франција, Холандија и Белгија се меѓу земјите кои беа вклучени во воздушни фрлања во обид да обезбедат храна за жителите на Газа во услови на влошена хуманитарна криза.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа голема група пакети обесени на падобрани како лебдат низ небото, но се чини дека ситуацијата се влошила кога еден нецелосно отворен падобран почнал да паѓа многу побрзо од другите.

Некои меѓународни агенции ја критикуваа испораката на воздушна помош како целосно недоволна за да се задоволат потребите на жителите на Газа. Обединетите нации предупредија на широко распространета глад меѓу 2,3 милиони жители на Газа.

Американските власти признаа дека воздушните фрлања не се доволни. Велат дека сепак е порака дека светот не стои само настрана додека се развива гладот.

Фрлањето на пакети се случи еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа што ќе може да прима пратки со хуманитарна помош, вклучувајќи храна, вода и лекови.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа