Стотици деца со децении биле во немилост на педофили во лондонски домови за згрижување

Од:

Британски социјални работници изложиле „ранливи деца“ на сексуални престапници кои се инфилтрирале во домови за деца и во згрижувачки семејства со „катастрофални, доживотни последици врз жртвите“, покажа извештајот за децениското злоставување деца.

Работниците во лондонскиот кварт Ламбет „се однесуваа кон децата како да се безвредни“ и, како што изгледа, покажаа „бесчувствителност кон ранливите деца, а беа платени да се грижат за нив“, посочуваат наодите на Независната истрага за сексуална злоупотреба на деца.

Авторите на извештајот имале докази дека децата биле силувани, изложени на недолично однесување и сексуално злоставување, но навеле дека дисциплинска мерка, според жалбите на 705 корисници во три институции за социјална заштита, е изречена само на еден вработен во раководните служби.

Тие посочуваат дека кога децата се жалеле, никој не верувал во нивните изјави.

Џон О’Брајан, секретар на Независната истрага за сексуална злоупотреба на деца, рече дека извештајот е најлош од сите 15 што досега ги составиле.
– Каде и да погледнате, ќе пронајдете пропуст или повеќе од нив. Тоа е единствениот извештај што морав редовно да прекинувам да го читам поради содржината, рече О’Брајан.

Клер Холанд, членка на Советот на округот Ламбет, рече дека „советот бил одговорен за таа грижа и заштита, но не успеал, со далекусежни последици“.
– Советот длабоко жали поради нивните искуства, рече Холанд.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година