Стоматолог сака да го клонира Џон Ленон

Од:

Забот на Џон Ленон, кој пред две години на аукција го купи забарот Мајкл Зук за 30.000 долари, добива се поголема популарност.

Имено, забарот неодамна изјави оти сака да извлече ДНК од забот на Ленон и да го клонира со помош на научници.

Овој малку преентузијастички и помалку чуден забар напиша песна и книга за забот, а организираше и посебна турнеја за него.

– Доколку научниците мислат дека можат да клонираат мамути, мислам дека Џон Ленон би можел да биде следниот. Самата идеја дека имав улога во враќањето на една од најголемите рок ѕвезди за мене е незамислива, вели Зук за списанието „Еsquire“.

Забарот исто така смета дека истата технологија со која би се клонирале мамути, може да биде искористена и за клонирање луѓе.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ